User:Kristina.tas
Германски јазик
[edit]Германскиот јазик припаѓа на групата Западни германски јазици и има сличности со Англискиот и Холандскиот јазик. Го зборуваат околу 100 милиони родени зборувачи и е еден од водечките светски јазици како и прв јазик кој нашироко се зборувал во Европската унија.
Географска распространетост
[edit]Европа
[edit]Германскиот јазик примарно се зборува во Германија (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), Австрија (89%) и Швајцарија (65%). Сепак, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во Луксембург и Лихтенштајн.
Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна Италија (во провинцијата Болзано-Бозен и во некои општини во други провинции), во Источните Кантони во Белгија, во француските региони во Алјаска и Лорејн како и во некои гранични села од поранешниот Јужен Јутланд во Данска.
Зедници кои зборуваат Германски јазик исто така се наоѓаат во делови од Чешката Република, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Русија и Кзахстан.
Насилните протерувања во Русија после Втората Светска Војна и големите емиграции во Германија во осумдесеттите и деведесеттите години, депопулализираа повеќе од овие заедници. Германски зборува и странско население како и некои од потомците во Босна, Бугарија, Кипар, Хрватска, Египет, Грција, Израел, Мароко, Холандија, Португалија, Скандинавија, Словенија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство.
Надвор од Европа
[edit]Заедници кои зборуваат Германски јазик постојат и во поранешната германска колонија од Намибија, која е независна од Јужна Африка од 1990 година, како и во други земји во кои има германски емигранти како што се Канада, Мексико, Домениканска Република, Парагвај, Уругвај, Чиле, Перу, Венецуела (каде што е развиен дијалектот Алемен Колониеро), Јужна Африка и Австралија. Во Намибија, германските Намибијци ги задржале германските образовни институции.
Во Бразил најголема концентрација на германски зборувачи има во Рио Гранде ду Сол, Санта Катарина, Парана, Сан Пауло и Еспирито Санто.
Значајна концентрација на потомци кои зборуваат Германски има во Аргентина ( 5 милиони), Венецуела, Парагвај и Чиле (3 милиони). Во дваесеттиот век, преку 100.000 германски политички бегалци и претприемачи се преселија во Латинска Америка, во земји како Коста Рика, Панама, Венецуела и Домениканската Република, да основаат енклави во кои ќе се зборува германски јазик. Како што се зборува, постои мала германска емиграција во Порто Рико. Скоро сите жители на градот Помероде во државата Санта Катарина во Бразил можат да зборуваат германски.
Според американскиот попис во 2000та година, германскиот во Соединетите Американски Држави, после англискиот, шпанскиот, кинескиот и францускиот , е петти по ред најзборуван јазик во домовите (околу 1.4 милиони). Оттука произлегува дека во Соединетите Американски Држави се наоѓа една од најголемите концентрации на луѓе кои зборуваат Германски надвор од Европа. Државите Северна Дакота и Јужна Дакота се единствените држави во кои Германскиот, после Англискиот, е најчестиот јазик кој се зборува во домовите (вториот најзборуван јазик во другите држави е Шпанскиот или Францускиот). Навестување за германската присутност се наоѓа во имињата на некои места како Нов Улм и многу други градови во Минесота, Бизмарк (главниот град на државата), Муних, Карлсруе и Стразбург во Северна Дакота, Нов Браунфелс и Мунстер во Тексас и Кил, Берлин и Øрмантаун во Висконсин. Во текот на дваесеттиот век, многу од потомците на емигрантите од осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век , продолжија да зборуваат Германски дома, но мала популација од постари (како и од помлади жители) може да се сретне во Пенсилванија ( Амишите, Хатеритите, Данкардсите и некои Менонити, низ историјата зборувале хатерски Германски и западно-централен Германски, комбинација од пенсилвански Холандски), Канзас (Менонити и Германците од Волга), Северна Дакота (хатерски Германци, Менонити, руски Германци и балтички Германци), Јужна Дакота, Монтана, Тексас, Висконсин, Индијана, Орегон, Луизијана и Оклахома. Во раниот дваесетти век, имиграцијата беше зачестена во Сент Луис, Чикаго, Њујорк, Милвоки, Питсбург и Синсинати. Според последниот попис во 2006 година, во Канада има 622.650 германски зборувачи, додека луѓето со грманско потекло (германските Канаѓанци) ги има низ целата земја. Заедници кои зборуваат Германски , делумно можат да се сретнат во Британска Колумбија (118.035) и Онтарио (230.330). Во градот Киченер, Онтаиро постои голема и динамична општина која одамна е наречена Берлин. Германските имигранти имаа важна улога во трите големи урбани реони во земјата: Монтреал, Торонто и Ванкувер , имигрантите кои се доселиле после Втората Светска Војна успеаа да го зачуваат влијанието на Германскиот јазик во нивните соседства и квартови. Во првата половина на дваесеттиот век, повеќе од милион германски Канаѓанци , Канадскиот јазик го претворија во трет јазик кој најмногу се зборува, после Францускиот и Англискиот. Во Мексико, исто така има три големи групи жители со германско потекло, најмногу во градовите: Мексико Сити, Пуебла, Мацалтан, Тапачула и поголемо население раштркано низ државите: Чичуахуа, Дуранго и Закатекас. Се зборува и дека жители со германско потекло има во соседните градови околу Гвадалахара, Халиско и повеќе во Северно Мексико каде германското влијание се има пренесено во мексиканската култура. Стандарден Германски се зборува во богатите германски заедници во Пуебла, Мексико Сити, Нуево Леон, Сан Луис Потоси и Квинитана Ро.
Германските дијалекти кои најпрво се зборуваат или се зборуваа во колонии или задници кои ги основаа германските зборувачи наликуваат на дијалектите во регионите од каде што потекнуваат основачите. Тексашки Германски е дијалект кој се зборува во областите од Тексас кои се колонизирани, како Њу Браунфелс и Фредериксбург. Плаутдич е малцински јазик кој го зборуваат заедниците на Менонитите во Северно Мексико и повеќе од 200.000 луѓе во Мексико. Пенсилванискиот Холандски е германски дијалект кој го зборуваат Амишите од Пенсилванија, Индијана и Охио.
Хатеритски Германски е повисок германски дијалект од австро-баврска варијанта на Германскиот јазик кој го зборуваат заедниците на Хутеритите во Канада и во Соединетите Американски Држави. Хутеритскиот се зборува во Американските Држави: Вашингтон, Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота и Минесота и во канадските провинции Алберта, Саскачван и Манитоба. Неговите зборувачи припаѓаат на некои хатеритски групи, но сепак постојат зборувачи помеѓу постарите генерации Прерилити (потомците од Хатеритите кои одлучиле да не се населат во колонии). Хатеритските деца кои растат во колонии прво учат и зборуваат Хатеритски Германски, пред да учат Аглиски- стандардниот јазик на опкружувањето во приватното целодневно училиште. И покрај тоа, многу колонии настрана од целодневните училишта продолжуваат со училишта во кои се учи германска граматика. Во Австралија, во државата Јужна Австралија нагласен бран на Германскиот јазик од Прусија пристигна во илјадаосумстотини и четириесеттите години (особено во регионот на Силесија). Со долготрајната изолација од други германски зборувачи и контакт со Австралиски англиски , некои укажуваа на новосоздаден единствен дијалект познат како Бароса Германски, кој најмногу се зборувал во Бароса Валеј во близина на Аделаида. Продолжи да се користи како прв јазик во дваесеттиот век , но неговата употреба сега е ограничена на неколку постари зборувачи. Постои и значаен Германски креолски, , наречен Унзердојч, кој го зборуваат неколку постари жители во поранешната колонија на Германија во Папуа Нова Гвинеја , низ Микронезија и во северните делови на Австралија (т.е. во крајбрежните делови на Квинзлед и Западна Австралија). Постои сериозен ризик од негово изумирање, но стручњаците прават напори да се оживее интересот за овој јазик.
Интернет
[edit]Според Глобал Рич (2004), 6.9% од интернет-корисниците се Германци. Според Нец-тип (2002), 7.7% од интернет страните се напишани на Германски јазик, правејќи го единствен после Англискиот во Европската јазична група. Некои постари статистики од 1998 година, откриваат дека Германскиот е трет најпопуларен јазик кој се користи на веб-вокациите, после Англискиот и Јапонскиот.
Историјат
[edit]Потекла
[edit]Историјата на јазикот започнува со формалната германска промена на согласките за време на миграцискиот период, разделувајќи ги од старите отмени дијалекти на Стара Саксонија. Најстарите сведочења за стариот отмен Германски потекнуваат од раштрканите натписи на Елдер Футарк , особено во Алеманија од шестиот век и од најстарите разбирливи текстови (Хилдебрандслид, Муспили и Мерсбург Инкантејшнс) создадени до деветтиот век. Во ова време Стариот саксонски припаѓа на Северноморската германска културна сфера, а непристојниот Саксонски повеќе би потпаднал под германско отколку под англо-фризијско влијание за време на Светото Римско царство.
Со тоа што Германија беше разделена на повеќе различни држави , единствената сила за унифицирање или стандардизација на Германскиот јазик во периодот од неколку стотици години, беше претпочитувањето на писателите да се обидат да пишуваат на начин кој би бил разбирлив во што е можно повеќе региони.
Современ Германски
[edit]Кога Мартин Лутер ја преведе Библијата (Новиот Завет во 1522 година, а Стариот Завет беше објавен во делови и завршен во 1534 година), својот превод најмногу го засноваше врз бирократскиот стандарден јазик кој се зборувал во Саксонија (зексише канцлаишпрахе), исто така познат и како Мајснер-дојч (Германски кој се зборувал во градот Мајсен). Јазикот се засновал врз источниот повисок Германски и источните централни германски дијалекти и зачувал голем дел од граматичкиот систем на средно високиот Германски (кој не е сличен со германските дијалекти кои се зборувале во Централна и Горна Германија, кои веќе во тоа време започнале го губат падежот Генитив и претеритумот). Во почетокот, преписите на Библијата имале долг список за секој регион, во кој непознатите зборови биле преведени во регионалниот дијалект. Римските Католици во почетокот го одбија преводот на Лутер и се обидоа да создадат нивни сопствени католички стандарди (гемајнес дојч) кој сепак се разликуваше од ,,протестантскиот Германски,, само во некои ситни детали. Создавањето стандарден јазик траеше до средината на осумнаесеттиот век, со што тој беше нашироко прифатен, на тој начин завршувајќи го периодот на раниот нов висок Германски.
До околу илјада и осумстоттата година, стандардниот Германски беше речиси само пишан јазик. Во ова време, луѓето во модерна северна Германија, кои зборуваа дијалекти многу поразлични од стандардниот Германски, речиси го изучуваа стандардниот Германски како странски јазик и се обидуваа да го изговорат што е можно поблиску до вистинскиот изговор. Прирачниците за нормативен изговор сметаат дека изговорот на северниот Германски е стандарден јазик. Сепак, фактичкиот изговор на стандардниот Германски се разликува од еден до друг регион.
Германски беше јазикот на трговијата и управувањето во Хабзбуршката Империја , која опфаќаше големи области од Централна и Источна Европа. Сé до средината на деветнаесеттиот век , Германскиот беше јазик на граѓаните низ поголем дел од Империјата. Ова укажува на тоа дека зборувачот бил трговец, урбанит. Некои градови како Прага и Будимпешта беа постепено германизирани во годините после нивното вклучување во Хабзбуршката област. Други градови како Братислава , во тоа време најпрво беа германски . Неколку градови како Милано, останаа негерманизирани, но сепак многу градови како Прага, Будимпешта, Братислава и Љубљана во ова време најпрво беа германски и покрај тоа што беа опкружени со територии на кои се зборуваа други јазици.
Втората конференција за правопис во 1901 година, заврши со комплетна стандардизација на Германскиот јазик во неговата пишана форма, додека Дојче буненшпрахе , веќе имаше создадено правила за Германскиот, три години порано кои потоа станаа задолжителни за општиот германски изговор.
Медиумите и пишаните дела, скоро сите се создаваат на стандарден Германски кој е разбирлив во сите области каде што се зборува Германски. Првиот речник од браќата Грим, шеснаестте делови кои беа издадени помеѓу 1852 и 1860 година, останува најразбирлив водич кон зборовите во Германскиот јазик. Граматичките и правописни правила најпрво се појавија во 1860 година во прирачникот Дуден. Во 1901 година е објавена стандардната дефиниција на Германскиот јазик. Сé до 1998 година не беа објавени никакви официјални измени на овие правила, кога Германската реформа за читање од 1996 година беше официјално објавена од страна на владините претставници од сите земји во кои се зборува Германски јазик. Пред реформата, правописот на Германскиот јаизк се наоѓаше во осумгодишен транзициски период во кој реформираниот правопис се учеше во повеќе училишта, додека и традиционалниот и реформираниот правопис постоеја во медиумите.
Реформата од 1996 година и потоа
[edit]Германската правописна реформа од 1996 година доведе до јавни контроверзни и значајни расправи. Некои државни парламенти (Сојузни држави) не сакаа да го прифатат ( Норд Рајн Вестфалија и Баварија). Во еден момент расправијата пристигна до највисокиот суд, кој даде кратко изјаснување, потврдувајќи дека државите треба да одлучат сами за себе и дека реформата ќе биде официјално правило само во училиштата, а секој друг ќе продолжи да пишува онака како што претходно има научено. Десет години подоцна , без никакви интервенции од страна на федералниот парламент, главната преработка беше внесена во 2006 година, пред почетокот на учебната година. Некои традиционални правописи, конечно беа поништени во 2007 година. Единствениот сигурен и лесен знак за распознавање дали текстот е во согласност со реформата е сс (сс) на крајот од зборовите како што се дасс и мусс. Класичниот правопис го забранува овој завршеток , наместо користењето на daβ i muβ.
Стандарден Германски
[edit]Стандардниот Германски не потекнува од традиционалните дијалекти во одредени региони, туку од пишаниот јазик. Сепак, постојат места во кои традиционалните регионални дијалекти биле заменети со стандарден Германски , ова е случај во големи делови од Северна Германија, но и во голем број градови во други делови од земјата.
Стандардниот Германски се разликува регионално помеѓу земјите во кои се зборува во зборовниот фонд и некои разлики во изговорот, дури и во граматиката и пишувањето. Оваа варијација не смее да се помеша со варијацијата на локалните дијалекти. Иако, регионалните варијации на стандардниот Германски примиле некој одреден степен на влијание од локалните дијалекти, тие се многу различни. Со тоа, Германскиот се смета за плуралистичен јазик. Зависно од ситуацијата, заборвачите во повеќе региони употребуваат мешавина од многу дијалектни и стандардни варијанти.
Во подрачјата во Швајцарија во кои се зборува Германски, многу често се користат мешавини од дијалекти и стандарден јазик, а употербата на стандардниот Германски е повеќе насочена кон пишаниот јазик. Како резултат на тоа, оваа ситуација се нарекува медијална диглосија. Стандардниот швајцарски Германски се користи во швајцарскоит, а австрискиот стандарден Германски во австрискиот образовен систем.
Официјален статус
[edit]Стандардниот Германски е официјален јазик во Лихтенштајн. Својот официјален статус во Германија го дели со Данскиот и Фризискиот, кои се малцински јазици. Во Австрија со Словенечкиот, Хрватскиот и Унгарскиот, во Швајцарија со Францускиот, Италјанскиот и Романскиот, во Белгија со Холандскиот и Францускиот и во Луксембург со Францускиот и Луксембуршкиот. Како локален официјален јазик се користи во Италија (во провицијата Болзано-Бозен) како и во градовите Сопрон (Унгарија), Краул (Словачка) и во неколку градови во Романија. Тој е официјален јазик (со Италијанскиот) на Ватиканската швајцарска гарда.
Германскиот има официјално признат статус како официјален или помошен јазик во Данска (регионот на Јужен Јутланд), Италија (Гресониска долина), Намибија, Полска (регионот Опол) и во Русија (Ашово и Халбштат).
Германскиот е ден од дваесет и трите официјални јазици во Европската унија со најголем број родени зборувачи во Европската унија и веднаш по Англискиот, пред Францускиот, е втор најзборуван јазик во Европа.
Германски како странски јазик
[edit]Германскиот, по Шпанскиот е трет најизучуван странски јазик во земјите во кои се зборува Англиски. Германскиот е главен јазик во Европа, со околку 90-95 милиони зборувачи (од 2004 година), или 13.3% од сите Европејци, е вториот најзборуван мајчин јазик во Европа, по Рускиот, пред Францускиот (66.5 милиони зборувачи во 2004 година) и Англискиот (64.2 милиони зборувачи во 2004 година). Според тоа, Германскиот јазик е прв најзборуван јазик во Европската унија, а втор странски јазик кој најмногу го знаат граѓаните од Европската унија. Тој е еден од официјалните јазици во Европската унија и еден од трите јазици со кои се служи Европската комисија, покрај Англискиот и Францускиот. Триесет и два проценти од граѓаните од петнаесет земји од Европската унија, велат дека можат да разговараат на Германски (без разлика дали како мајчин, втор или странски јазик). Ова е потпомогнато од широката распространетост и достапност на Германскиот преку кабелските или сателитските телевизии.Германскиот беше и останува лингва франка во Централна, Источна и Јужна Европа.
Дијалекти
[edit]Германскиот е дел од Западната група јазици од Германската јазична фамилија, што е дел од Индо-европската јазична фамилија. Германскиот дијалектен континиум, традиционално е поделен на висок Германски и низок Германски. Варијацијата помеѓу германските дијалекти е различна, но соседните дијалекти се разбирливи меѓусебно. За луѓето кои го знаат само стандардниот Германски, некои дијалекти не се разбирливи. Сепак, сите германски дијалекти припаѓаат на дијалектниот континиум од висок Германски и ниските саксонски јазици.
Низок Германски
[edit]Средниот низок Германски беше лингва франка на Ханзашката лига. Тој беше доминантен јазик во Северна Германија. Ова се смена во шеснаесеттиот век кога во 1534 година беше испечатена Библијата на Лутер од страна на Мартин Лутер. Овој превод се смета дека е важен чекор напред кон еволуцијата на раниот нов висок Германски. Целеше кон тоа да биде разбирлив за странскиот аудиторим и се засноваше најмногу врз централните и повисоките Германски варијации. Раниот нов висок Германски стана попрестижен од нискиот Саксонски , станувајќи јазик на науката и литетатурата. Во тоа време, најмоќните германски држави се наоѓаа во Средна и Источна Германија.
Осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век беа обележани со масовно учење на стандардниот Германски во училиштата. Нискиот Саксонски полека беше потиснуван, тој не беше ништо друго освен јазик кој необразованите луѓе го зборуваа дома. Денес, нискиот Саксонски може да се подели на две групи: ниско саксонски варијанти со умерен прилив на стандарден Германски и варијанти од стандарден Германски со ниско саксонско влијание познат како Мисингш. Понекогаш варијантите на нискиот Саксонски и нискиот Франконски се групираат заедно, бидејќи двата не се засегнати од консонантската промена на високиот Германски. Сепак, делот од населенето способен да го зборува и одговара или да го разбира, од Втората Светска Војна па до денес постојано расте.
Висок Германски
[edit]Високиот Гермаски се дели на: централен Германски, висок Франконски и повисок Германски. Централните германски дијалекти ги вклучуваат: Рипуаријанскиот, рин Франконскиот, централниот Хесенски, источниот Хесенски, северниот Хесенски, Турингискиот, северниот повисок Саксонски, високиот Прусијски и повисокиот Саксонски. Тој се зборува во југоисточна Холандија, источна Белгија, Луксембург, делови од Франција и делови од Германија, поточно помеѓу реката Мајна и јужниот крај на Ловландс. Модерниот стандарден Германски најмногу се заснова врз централниот Германски, но треба да се забележи дека вообичаениот (но, лингвистички неточен) германски термин за современ стандарден Германски е Хохдојч, што значи висок Германски.
Двата високи Франконски дијалекти се источен Франконски и јужен Франкоски.
Повисоките германски дијалекти ги вклучуваат: северниот Австро-баварски, централниот Австро-баварски, јужниот Австро-баварски, Швабски, источниот Франконски, високиот алемански Германски, највисокиот алемански Германски и нискиот алемански Германски. Тие се зборуваат во делови од јужна Германија, Лихтенштајн, Австрија и во деловите во кои се зборува Германски во Швајцарија и Италија.
Вимисорис е висок германски дијалект во Полска, а Затмариш и Зибенбургиш се високи германски дијалекти во Романија. Варијантите на високиот стандарден Германски јазик кој го зборувале Ашкенази Евреите (најмногу во поранешниот Советски Сојуз) кои имаат неколку оригинални обележја кои најчесто се сметаат како одделен јазик, Јидиш. Тој е единствениот германски јазик кој не ја користи латинската азбука и нејзиното стандардно писмо.
Германските дијалекти наспроти варијантите на стандардниот Германски
[edit]Во германската лингвистика, германските дијалекти се разликуваат од варијантите на стандардниот Германски. - Германските дијалекти се традиционалните локални варијанти. Некои од нив се тешко разбирливи за некој кој го познава само стандардниот Германски. Дијалектите често се разликуваат од стандардниот Германски во: зборовниот фонд, фонологијата и синтаксата. Ако се користи точната дефиниција за јазикот кој се заснова на взаемна разбирливост, многу германски дијалекти би требало да се одделни јазици, но вакви размислувања не се карактеристични за германската лингвистика.- Варијантите на стандардниот Германски се однесуваат на различни локални варијанти од плурицентричниот стандарден Германски, кои незначително се разликуваат само во зборовниот фонд и фонологијата. Во некои региони, особено во Северна Германија варијантите ги имаат заменето традиционалните германски дијалекти.
Граматика
[edit]Германскиот е флексивен јазик со три граматички рода. Постојат голем број зборови кои произлегуваат од ист корен, иако постојат други јазици кои се пофлексивни.
Флексија на именки
[edit]Германските именки флектираат во: Еден од четирите падежи: номинатив, генитив, датив и акузатив.
- Еден од трите рода: машки , женски или среден. Понекогаш, именските завршетоци го откриваат граматичкиот род на именката. На пример, именките кои завршуваат на: унг (-унг), шафт (-сцхафт), кајт (-кеит) или хајт (-хеит) се именки од женски род, додека именките кои завршуваат на хен (-цхен) или лајн (-леин) (деминутивни форми) се од среден род, а именките кои завршуваат на измус (-исмус) се од машки род.
- Имаат два броја: еднина и множина.
И покрај тоа што, најчесто Германскиот се наведува како одличен пример за високо флексивен јазик, степенот на флексија е помалку застапен отколку во стариот Германски или во другите Индо-европски јазици како што се : Латинскиот, Старогрчкиот или Санскритот, или на пример во современиот Ирски или Руски. Со четири падежи и три рода, плус множината, постојат 16 можни различни комбинации од падежи и пол/број, но во моментов постојат само шест форми на определен член, кој е искористен за шестнаесетте можности. Флексијата по падеж на самата именка, е потребна во еднината кај силните именки од машки или среден род во генитивот или понекогаш во дативот. Двата од овие случаи го губат начинот да бидат заменети во неформалниот говор. Дативниата наставка во многу контексти се смета за нешто што е застарено и често се отфрла, но сéуште се користи во неформалниот говор и пишаниот јазик. Слабите именки од машки род, споделуваат заеднички падежни наставки за генитив, датив и акузатив во еднината. Именките од женски род не се деклинираат во еднината. Множината има флексија во датив. Сé на сé, во Германскиот постојат седум флексивни наставки (неброејќи ги оние за множина) :-с (-с), -ес (-ес), -н (-н), -нс (-нс), -ен (-ен), -енс (-енс), -е (-е).
Во германскиот правопис именките и повеќе зборови со синтетичка функција се пишуваат со голема буква, што на читателите треба да им олесни да откријат каква функција има зборот во реченицата (Ам Фреитаг гехе ицх еинкауфен = Во петок одам да купувам). Ова е вообичаена оригинална практика во Германскиот јазик, иако тој е историски близок со други јазици како Дански и Англиски.
Како повеќе германски јазици, Германскиот создава именки сложенки каде првата именка ја определува категоријата дадена од втората именка, на пример: Страндтасцхе (Странд-плажа, Тасцхе-ташна ) торба за на плажа. За разлика од Англискиот во кој сложенки или комбинации од подолги именки често се пишуваат во отворена форма со празно место, Германскиот (како и другите германски јазици) скоро секогаш ја користи затворената форма без празни места, на пример Аутобахн-автопат. Како и Германскиот, така и Англискиот овозможува произволни долги сложенки, но сепак тие се поретки.
Најдолгиот германски збор, кој е во употреба е : Риндфлеисцхетикеттиерунгсüберњацхунгсауфгабенüбертрагунгсгесетз, кој значи: потпишан закон за надзорна должност на поплаки.
Флексија на глаголи
[edit]Глаголите во стандардниот Германски флексираат во: Една од основните класи на конјугација, слаби и силни (како во Англискиот), всушност дополнително постои и трета класа позната како мешани глаголи, во која постои комбинациај од слаби и јаки структури.
- Три лица: прво, второ и трето.
- Два броја: еднина и множина.
- Три начини: индикатив, императив и конјуктив.
- Два залога: актив и пасив. Пасивот се дели на статичен и динамичен.
- Разликата помеѓу граматичките аспекти е изведена со комбинирана употреба на конјуктив и/или претеритум, со што никој или и двата се во индикативен залог. Како самостоен конјуктивот искажува информација од втора рака, конјуктивот заедно со претеритум формира кондиционална реченица, а претеритумот самостојно изразува едноставен индикатив (во минато време) или фукционира како (буквална) алтернатива за информација од втора рака.
- Разликата помеѓу перфективниот и прогресивниот аспект во секоја развојна фаза е продуктивна категорија од постариот јазик и во скоро сите документирани дијалекти, но денес е ригорозно исклучен од пишана употреба во неговата нормализирана форма.
- Разјаснување на комплетните наспроти некомплетнитеформи .
Глаголски префикси
[edit]Значењето на основните глаголи може да биде објаснето и некогаш радикално променето преку употребата на одреден број префикси. Некои префикси сами по себе имаат одредено значење. Префиксот zer-- (-цер) се однесува на разделување на нештата, како во глаголот зерсцхнеиден (сечи). Употребата на префиксот ver - (-фер) се среќава во бројни глаголи со голем број различни значења, на пример: versuchen (се обидува), verteilen (разнесува), verstehen (разбира).
Други примери ги вклучуваат: haften (лепи), verhaften (задржува), kaufen (купува), verkaufen (продава), fahren (вози), erfahren ( (да искуси).
Разделливи префикси
[edit]Многу германски глаголи имаат разделлив префикс, најчесто со прилошка функција . Во глаголите во лична форма префиксот се одвојува и се пренесува на крајот од реченицата. На пример: mitgehen значи ,,оди со,, а разделено би изгледало вака:Gehen Sie mit? ( Дали доаѓате со мене?)
Збороред
[edit]Генерално, збороредот е помалку ригорозен отколку во современиот Англиски. Постојат два вообичаени зборореди, еден за главните реченици, а друг за споредните реченици. Во нормалните исказни реченици глаголот секогаш се наоѓа на втора позоција, а во прашања, извици и желби се наоѓа на прва позиција. Во споредни реченици глаголот треба да се појавува сосема на крајот , но често во говорот ова правило не се почитува.
Германскиот бара глаголскиот елемент (главен или помошен глагол) во реченицата да се појавува на втора позиција. Елементот на главниот интерес се појавува на крајот од реченицата.
Der alte Mann gab mir gestern das Buch. (Стариот човек вчера ми ја даде книгата. нормален ред)
Das Buch gab mir gestern der alte Man. ( Книгата ми ја даде вчера стариот човек.)Das Buch gab der alte Mann mir gestern. ( Книгата ми ја даде стариот човек вчера.)
Gestern gab mir der alte Mann das Buch. (Вчера стариот човек ми ја даде книгата. нормален-ред)
Mir gab der alte Mann das Buch gestern. (Ми ја даде вчера стариот човек книгата.)
Ако во исказните реченици во Англискиот јазик подметот не се појави пред предикатот, реченицата може да биде погрешно разбрана. Ова не е случај во Германскиот јазик.
Помошни глаголи
[edit]Кога помошен глагол е во сегашно време , тој се појавува во втора позиција, а главниот глагол на крајот од реченицата. Ова е посебно забележително во создавањето на перфектот, со што сéуште се можни бројни зборореди. На пример: Der alte Mann hat mir heute das Buch gegeben. (Стариот човек ми ја даде книгата денес) Heute hat der alte Mann mir das Buch gegeben. (Денес стариот човек ми ја даде книгата)
Модални глаголи
[edit]Во речениците во кои се употребува модален глагол, глаголот во основна форма стои на крајот од речениацта. На пример , реченицата,,Should he go home?,, (,,Дали тој треба да оди дома?,,) на современ Англиски, на Германски би била преформулирана и би гласела ,,Soll er nach Hause gehen?,,
Повеќекратни инфинитиви
[edit]Во германските споредни реченици сите глаголи се насобираат на крајот од реченицата. Помошните глаголи во идно време, пасив, модални глаголи и глаголи во перфект, можат да доведат до долг синџир од глаголи на крајот на реченицата. Во вакви конструкции, past participle се претставува со префиксот-ge и често се заменува со инфинитив .wusste nicht, dass der Agent einen Nachschlüssel hatte machen lassen. He knew not that the agent a picklock had make let.
===Зборовен фонд===
Голем дел од германскиот зборовен фонд потекнува од германската гранка од Индо-европската јазична фамилија, иако постојат помал број значајни зборови кои потекнуваат од Латинскиот и Грчкиот јазик, како и од Францускиот и во последно време од Англискиот. Истовремено, успешноста на Германскиот јазик во создавањето еквиваленти за странските зборови е одлична, со што Ноткер Лабео можеше да ги преведе монографиите на Аристотел на чист (стар висок) Германски во децениите после илјадитата година. Севкупно, Германскиот има помалку зборови-заемки од романските јазици, отколку што има Англискиот од Холандскиот јазик.
Ковањто нови, автохтони зборови на Германскиот му даде зборовен фонд, проценет на 40.000 зборови уште пред деветтиот век, во споредба со Латинскиот кој има пишана традиција од околу 2.500 години во империја која владееше со Медитеранот, кој денес нема повеќе од 45.000 зборови.
Дури и денес многу дискретни неакадемски движења се обидуваат да ја унапредат Ersatz (замената) на речиси сите странски со стари зборови, дијалектни или нови германски алтернативи. Се смета дека ова, исто така ќе помогне во ширењето на модерни или научни идеи помеѓу помалку образованите и со тоа ќе го демократизира и јавниот живот.
Современиот германски научен зборовен фонд има девет милиони зборови и зборовни групи (засновани на анализи од 35 милиони реченици од корпусот во Лајпциг , кој веќе во Јули 2006 година вклучи вкупно 500 милиони зборови.)
Правопис
[edit]Германскиот јазик во пишувањето ја користи латинската азбука. Покрај 26-те стандардни букви има три самогласки со умлаут, имено ä, ö , ü, како и есцет (остро с),β. Текстовите кои се напишани на Германски јазик се лесно препознатливи , како по умлаутите и одредени правописни правила-Германскиот е единствениот водечки јаизк во кој сите иманки се пишуваат со голема почетна буква, и честата појава на долги сложенки ( најдолгиот германски збор содржи 63 знаци).
Денес
[edit]Пред германската реформа за правописно пишување од 1996 година , β ги замена -ss после долгите самогласки, двогласи (дифтовзи) и пред согласки, зборовни или делумни зборовни завршетоци. Во реформираното правописно пишување, β ги замена ss само после долги самогласки и двогласи. Пред да постои голема буква β, секогаш кога беше потребна голема буква се пишуваа големи SS. Исклучок е употрбата на β во правни документи и форми во кои се пишуваат имиња со голема почетна буква. За да се избегне забуна со слични имиња , ,,β,, се користи наместо ,,SS,, (па тогаш ќе биде:,,KREβLEIN,, наместо ,,KRESSLEIN,,). Големата буква β беше предложена и вклучена во Unicode (единствениот код), но сéуште не е признаена како стандареден Германски. Всушност β не се користи во Швајцрија.
Самогласките со умлаут (ä, ö, ü) често се транскрибираат со ае, ое и уе, ако умлаутите не се достапни на тастатурата. На истиот начин β може да се транскрибира со SS.. Германските читатели ги разбираат тие транскрипции (иако изгледаат невообичаено), но ако се достапни умлаутите тие се избегнуваат, бидејќи се сметаат за несоодветно правописно пишување. (Во Вестфален и Шлезвиг-Холштајн , постојат имиња на градови и семејства во кои дополнително е има продолжен ефект на самогласка, на пример:Raesfeld [ˈraːsfɛlt]Coesfeld [ˈkoːsfɛlt] i Itzehoe [ɪtsəˈhoː], но оваа употреба на буквата е после а/о/у не се појавува во денешниот правописен на чин на пишување зборови).
Не постои општа спогодба за тоа каде, во кои сортирачки делови се појавуваат овие умлаути. Телефонските дирекции ги заменуваат со основната самогласка по која следува е. Некои речници, го сортираат секој умлаут како посебна буква после основната самогласка, многу зборови со умлаут кои повеќе се користат се наоѓаат веднаш после истиот збор, без умлаут. Како еден пример во телефонскиот именик, Ärzte се појавува после Adressenverlage,, но пред Anlagenbauer (бидејќи Ä е преместена пред Ае). Во речник Ärzte доаѓа после Arzt, но во некои речници Äрзте и сите други зборови кои започнуваат на ,,Ä,, можат да се појават после сите зборови кои започнуваат на ,,А,,. Во некои постари речници, почетните Schi i St се сметаат како посебни букви и се наведени како одделни внесувања после С, но најчесто се сметаат како S+C+H i S+T.
За оние кои ги користат програмите на Microsoft Windows на своите персонални компјутери, кои немаат тастатури QWERTY за да пишуваат букви со умлаути, без разлика дали станува збор за случаи со голема или мала буква, или пак Есцет (β), следејќи ги инструкциите преку дугмињата со броеви како и дугмињата Num Lock и дугмето Alt, можат да ги пишуваат буквите со умлаут. (Тие можат да бидат алтернативни, зависно од софтверот кој се употребува.)
Кога сијаличката на дугмето Num Lock свети, се притиска на дугмето Alt и потоа се внесува четирицифрен број, користејќи ги дугмињата со броеви. Знакот ќе се појави на екранот веднаш штом се ослободи дугмето Аlt.
Пишувањето буква ,,а,, со умлаут вклучува : пишување на четирицифрениот број 0228, што значи: (вклучена светилка на) Num Lock + (притиснато дугме) Аlt + (рачно венесени) 0228 и ослободување на дугмето Аlt. ) Четирицифрените броеви и другите знаци кои се користат за пишување самогласки со умлаут се : 0196 за голема буква А со умлаут (Ä), 0214 за голема буква О со умлаут (Ö), 0220 за голема буква со У со умлаут (Ü), 0223 за Есцет (β), 0246 за мала буква о со умлаут (ö) и 0252 за мала буква у со умлаут (ü).
Слична спогодба може да се користи и кај воведните наводници (знаците за цитат) кои се наоѓаат под ,,маската,, на 99 (за разлика од Англискиот, во кој се наоѓаат под 66) на почетокот на реченицата со употреба на четирицифрениот број 0132 како во „Guten Morgen!”.
Во минатото
[edit]До пред раниот дваесетти век, Германскиот се печатеше најмногу во печатарски слогови со црни букви (најмногу во Фрактур, но исто така и во Швабахер) и се пишуваше со соодветен ракопис (на пример Карент и Шутерлин). Овие варијанти од латинската азбука беа многу поразлични од серивот или сана сериф Антиљуа печатени слогови кои денес се користат, а всушност ракописните форми се тешки за читање. Сепак, печатените форми беа утврдени за да бидат почитливи кога германските јазици се користат за печатење. Назис најпрво ги унапреди Фрактур и Швабахер, иако подоцна во 1914 година ги укина , тврдејќи дека овие букви биле еврејски. Фрактурскиот ракопис останува присутен во секојдневниот живот преку сообраќајните знаци, знаците кои водат до пабови, пивски брендови и други форми на реклами, каде што се употребени да изразуваат одредена рустикалност и старост.
Соодветната употреба на долгото c (langes s) е многу важна за да се напише текст со фрактурски печатарски слогови. Исто така многу Antiqua печатарски слогови го користат долгото ц. Постои специфичен збир од правила кои се применуваат за употребата на долгото c во германските текстови, но ретко се користат во Antiqua. Кој било случај на ниско ц во почетокот на слогот би можело да биде долго с, како спротивност на завршниот слог с или кратко с (најчестата варијанта на буквата с), која го означува крајот на слогот, на пример во разликувањето на зборовите Wachtube i Wachstube .
Фонологија
[edit]Самогласки
[edit]Самогласките во Германскиот јазик (невклучувајќи ги дифтонзите) се појавуваат во кратки и долги варијанти, што е детално прикажано во следната табела:
A | Ä | E | I | O | Ö | U | Ü | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
кратки | /a/ | /ɛ/ | /ɛ/, /ə/ | /ɪ/ | /ɔ/ | /œ/ | /ʊ/ | /ʏ/ |
долги | /aː/ | /ɛː/ | /eː/ | /iː/ | /oː/ | /øː/ | /uː/ | /yː/ |
Кратко /ɛ/ се реализира како [ɛ] во нагласени слогови (вклучувајќи го и акцентирањето на вториот слог) , а како [ə] во ненагласени слогови. Треба да се забелжи дека нагласеното кратко /ɛ/ може да се пишува и со е и со ä. Општо земено, кратките самогласки се отворени, а долгите затворени. Единствениот исклучок е отворениот звук /ɛː/ oд долгото Ä во некои варијанти од Германскиот, /ɛː/ и /eː/ се претопуваат во [eː], отстранувајќи го овој недостаток. Во тој случај паровите како Bären/Beeren (мечки/зрнести плодови) или Ähre/Ehre (жито или пченица/почит) стануваат хомофонични (истозвучни). Во повеќе варијанти од стандардниот Германски , ненагласено /ɛr/ не се изговара како [ər], туку како вокално [ɐ]. Сéуште не е целосно предвидено дали одредена самогласка претставува кратка или долга фонема, ико постојат следниве правилности:
- Ако самогласката се наоѓа на крајот од слогот или после неа следува една согласка, најчесто се изговара како долга (на пример: Hof[hoːf]) .
- Ако по самогласката следува двојна согласка (на пример ff, ss или tt) ck, tz или консонантски кластер (група) (на пример st или nd), скоро секогаш се изговара кратко (на пример: hoffen [ˈhɔfən]). Двојните согласки се користат само за оваа функција, продолжените самогласки да ги означат како кратки. Согласката сама по себе никогаш не се изговара продолжено или удвоено.
И двете од овие правила имаат исклучоци. На пример: и покрај првото правило hat [hat] ,,has’’ има краток изговор, a Mond [moːnt], 'moon и покрај второто правило има долг изговор. Не постои општо правило, за и кое не е ниту во комбинацијата ие (продолжувајќи го), ниту после него да следува двојна согласка или кластер (скратувајќи го). Во одредени случаи постојат регионални разлики: во Централна Германија (Хесен), о во сопственото име,,Hoffman,, (Хофман) се изговара долго, додека многу други Германци би го изговориле кратко. Истото се применува и на е во географскиот назив,,Mecklenburg,, (Мекленбург) за луѓето во тој регион. Зборот Städte (градови) некој (Жан Хофер, Телевизија АРД) го изговара со кратка самогласка [ˈʃtɛtə] , а друг (Мариета Сломка, ЗДФ Телевизија) со долга самогласка [ˈʃtɛːtə]. Сé на сé, самогласката после која следува ch може да биде кратка (Fach [fax], Küche[ˈkʏçə] ]кујна) или долга (Suche [ˈzuːxə] bara, Bücher[ˈbyːçər] книги). Според тоа Лацхе е хомограф: Lache [laːxə] пудлица и Lache [laxə] начин на смеење. Германските согласки можат да ги формираат следниве диграфи (во пишувањето) и дифтонзи (во изговарањето). Забележете дека изговорот на некои од нив (ei, äu, eu) е многу поразличен од она што се очекува имајќи ги предвид буквите од кои се составени.
Пишување | ai, ei, ay, ey | au | äu, eu |
---|---|---|---|
Изговор | /aɪ̯/ | /aʊ̯/ | /ɔʏ̯/ |
Дијаграфот ie,, генерално ја претставува фонемата /iː/ која не е дифтонг. Во повеќе варијанти /r/ на крајот на слогот се вокализира, но сепак појавата на самогласка по која следува вокализирано /r/ не се смета за дифтонг: Bär[bɛːɐ̯] мечка, er [eːɐ̯] тој, wir [viːɐ̯] ние, kurz [kʊɐ̯ts] кратко, Wörter [vœɐ̯tɐ] зборови.
Во повеќе варијанти од стандардниот Германски имаат предност основите на зборовите кои започнуваат на самогласка .
Согласки
[edit]Со приближно 25 фонеми, германскиот консонантен систем експонира просечен број на консонанти во споредба со други јазици . Една од најзабележителните е невообичаеното африкативно /p͡f/. Консонатскиот попис на стандардниот Германски е прикажан во табелата подолу.
Header text | Билабијални | Лабиодентални | Алвеоларни | Посталвеоларни | Палатални | Веларни | Увуларни | Глотални |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Плозивни | p b | Example | t d | Example | Example | k ɡ | Example | Example |
Африкативни | Example | p͡f | t͡s | t͡ʃ d͡ʒ | Example | Example | Example | Example |
Фрикативни | Example | f v | s z | ʃ ʒ | Example | x | Example | h |
Назални | m | Example | n | Example | Example | ŋ | Example | Example |
Апроксиманти | Example | Example | l | Example | j | Example | Example | Example |
Ротични | Example | Example | r | Example | Example | Example | Example | Example |
- /x/ има два алофони, [x] i [ç], во зависност од тоа дали се наоѓа во предни или задни самогласки.
- /r/ има три алофони во слободни варијации: [r], [ʁ] i [ʀ]. Во кода слог, алофонот [ɐ] се јавува во многу варијанти.
- Звучните /b/, /d/, /ɡ/ се обезвучуваат во /p/, /t/, /k/ кога се наоѓаат во завршна позиција на зборот.
- Безвучните /p/, /t/, /k/ се аспирантни, освен кога се предводени од сибилант.
- Таму каде што нагласениот слог започнува на самогласка, самиот слог е предводен од [ʔ]. Бидејќи присуството на [ʔ]. се подразбира од контекстот, не се смета за фонема .
- /d͡ʒ/ i /ʒ/ јавуваат само во зборови од странско потекло
Изговор на согласките
[edit]- C (c) сама по себе не е германска буква. Во позајмените зборови најчесто се изговара [t͡s] (пред ä, äу, е, и, ö, ü, ѕ) или [k] Ќ (пред a, o, u и согласки). Комбинацијата ck, како и во Англискиот се користи да укаже на тоа дека претходната самогласка е кратка.
- Ch се појавува многу почесто и се изговара како [ç] ( (после ä, ai, äu, e, ei, eu, i, ö, ü и согласки, во деминутивниот суфикс - chen,, на почетокот на зборот ) или [x] (после a, au, o, u). Ch никогаш не се појавува на почеокот на вистински германски збор. Не постои единстевен договор за изговарањето на цх кога се наоѓа на почетокот на зборот. На пример, зборот Chemie (хемија) може да се изговори: [keːˈmiː], [çeːˈmiː], или [ʃeːˈmiː] во зависност од дијалектот.
- Dsch се изговара [d͡ʒ] ( како ј во Jungle), но се појавува и во неколку заемки.
- F се изговара како [f] во father, (татко).
- H на почетокот на слогот се изговара [h] како вo home (После самогласка е безвучна и само ја продолжува самогласката.
- Ј се изговара [j] во германските зборови ("Jahr" [jaːɐ]). Во поновите заемки, повеќе или помалку се следи изговорот онаков каков што е во јазикот од кој потекнува зборот.
- L секогаш се изговара [l],а никогаш *[ɫ] (англиското ,,темно Л,,)
- Q постои само во комбинација со u и се појавува и во германските и латинските зборови ("quer"; "Qualität"). Диграфот qu се изговара [kv].
- R најчето се изговара како грлен глас ( нагласено увуларно фрикативно [ʁ] или увуларно [ʀ]) наспроти самогласка или согласка ("Rasen" [ˈʁaːzən]; "Burg" [buʁk]). Сепак, во говорениот Германски најчесто се вокализира после самогласка ("er" почесто се изговара како [ˈɛɐ] —"Burg" [buɐk]). Во некои варијанти р се изговара како ,,јазично,, r (алвеоларно [r]).
- С во Германскиот се изговара [z] (како во "Zebra"), ако се наоѓа на почетокот на слогот (на пример во Sohn [zoːn]),или пак [s] (на пример: Bus [bʊs]). Во Австрија и Швајцарија секогаш се изговара [s] SS [s] укажува на тоа дека претходната самогласка е кратка. St и Sp на почетокот на зборови од германско потекло се изговараат [ʃt] i [ʃp], соодветно.
- β (буквата која ја има само во Германскиот , наречена ,, scharfes s,, или Есцет) е поврзување на две соседни букви s и sz и секогаш се изговара [s]. Подолго време ги заменува сс на крајот од слогот или зборот ( на пример "ich muss" → "ich muß"; "ich müsste" → "ich müßte"). Во зборот се контрастира со ss [s] , укажувајќи на тоа дека претходната самогласка е долга. Употребата на β беше ограничена од страна на последната германска реформа за правописно пишување и долго време не се употребува на местото на сс после кратки самогласки ( на пример ich muß i ich müßte секогаш се изговараа со кратко U/Ü). Швајцарија и Лихтејнштајн ја укинаа уште во 1934 година.
- Sch се изговара [ʃ] (како ,,sh,, vo Shine).
- Tion во латинските заемки се изговара [tsion].
- V се изговара [f] во зборови со германско потекло (на пример Vater [ˈfaːtɐ]) и [v] во повеќето други зборови (на пример Vase [ˈvaːzə]).
- W се изговара [v] како во англискиот збор ,,vacation ( на пример was [vas])
- Y се појавува само во заемки и вообичаено се смета за самогласка.
- Z секогаш се изговара [t͡s] (на пример zog [t͡soːk]). Tzu укажува на тоа дека претходната самогласка е кратка.
Промена на согласките
[edit]Германскиот јазик нема некои дентални фрикативи (како Англискиот што го има th). Гласот тх кој Англискиот јазик сéуште го има, ,,преживеал,, во Стариот висок Германски и потоа исчезнал во Германскиот јазик со промената на согласките помеѓу осмиот и десеттиот век. Некогаш е можно да се најде паралела помеѓу Германскиот и Англискиот јазик, со заменување на англиското th со d во Германскиот. Thank на германски Dank, this на германски dies, that на германски das, thou (стара лична заменка за второ лице еднина) на германски du, think на германски denken, thristy на германски durstig и многу други примери.
Исто така, gh во германско-англиските зборови, изговорено на неколку различни начини во современиот Англиски (како ф ), често може да се поврзе со германското ch: to laugh-lachen, through i thorough-durch, high-hoch, naught-nichts и така натаму.
Германскиот е сроден јазик со Англискиот
[edit]Голем дел од англискиот зборовен фонд е сроден со германските зборови, иако заедничкото потекло може да биде прилично неразбирливо поради бројните промени во фонетиката (на пример промената на согласките во високиот Германски), значење и правопис.
На пример:
Промената на p→ff во високиот Германски доведе до некакво сродство на гермаскиот Schiff и англискиот ship
Зборови позајмени од страна на Англискиот јазик
[edit]Англискиот има земено многу заемки од Германскиот и тоа најчесто без никакви промени во пишувањето.
Германски збор | Англиска заемка | Значење на германскиот збор |
---|---|---|
Angst | angst | страв |
Ansatz | ansatz | почеток/ запис |
Anschluss | anschluss | врска / пристап / присоединување |
Automat | automat | автоматска машина/автомат |
Bildungsroman | bildungsroman | новела во која се зборува за личниот развој или образование на главниот лик |
Blitz | Blitz | блесок / молскавично |
Delikatessen | delikatessen/delicatessen | вкусна храна |
Doppelgänger | doppelgänger | некој да личи на некој друг |
Edelweiß | edelweiss | цвеќе Еделвајс |
Fest | fest | славење/празник |
Gedankenexperiment | Gedankenexperiment | измислен експеримент |
Geländesprung | gelandesprung | скокање во воздух со алпинистичка опрема |
Gemütlichkeit | gemuetlichkeit | љубезност/срдечност/друштвеност |
Gestalt | Gestalt | форма или облик / шема |
Gesundheit! | Gesundheit! (Amer.) | здравје / На здравје! (кога некој кива) |
Heiligenschein | heiligenschein | метео. "сонцето сјае" |
Hinterland | hinterland | простор зад фронталната линија |
kaputt | kaput | нешто не е во согласност со редот/не работи |
Katzenjammer | katzenjammer | мамурлак/некој е мамурен |
Kindergarten | kindergarten | детска градинка (може да биде и претшколска) |
Kitsch | kitsch | лажна уметност / нешто што е направено само за продажба |
Kraut | kraut | лековита билка/растение , а во некои дијалекти зелка |
Leitmotiv | leitmotif | водечки мотив |
plündern (v.) | to plunder | лит. "присилно одземање на добра" (вистинско значење "да се одзема мебел" )позајмено од страна на Англискиот за време на војната во триесеттите години |
Poltergeist | poltergeist | лит. "гласови од дух" (артефактска сложенка, не е чисто германска) |
Realpolitik | realpolitik | дипломатија базирана повеќе на цели отколку на идеали |
Reich | reich | империја или кралство/царство |
Rucksack | rucksack | ранец (Руцк→"Рüцкен" што значи "грб") |
Schadenfreude | schadenfreude | да се ужива во нечие пропуштено/изгубено богатство |
Sprachraum | sprachraum | лит. "мест/соба/простор": каде што се зборува одреден јазик |
Übermensch | ubermensch | надчовечко |
verklemmt | verklemmt | некој е повлечен / резервиран |
Waldsterben | waldsterben | изумирање на растителната природа |
Wanderlust | wanderlust | желба, задоволство или склоност за патување или пешачење |
Weltanschauung | weltanschauunge | лит. "сфаќање на светот": идеологија |
Wunderkind | wunderkind | лит. "чудо од дете" |
Zeitgeist | zeitgeist | лит. "духот на времето":духот на староста; трендот во тоа време |
Промоција на Германскиот јазик
[edit]Употребата и изучувањето на Германскиот јазик се промовираат од страна на бројни организации. Институтот Гете (именуван според познатиот германски автор Јохан Волфганаф фон Гете) кој е поддржан од Владата, цели кон тоа да го подобри познавањето на германската култура и јазик во европски рамки и низ светот. Ова се прави со одржување изложби и конференции со теми кои се поврзани со Германија и обезбедување пракса и туторство во изучувањето и употребата на Германскиот јазик. На пример, во Институтот Гете се предава Гете-сертификатот за квалификација за Германски јазик .
Германската државна радио-телевизија Дојче Веле (Deutsche Welle) е еквивалент на британскиот Би-Би-Си Ворлд Сервис (BBC World Service) и овозможува радио и телевизиски пренос во Германија и многу други земји во светот.
Користени извори
[edit]- Мајкл Клајн , Германскиот јазик во променлива Европа (1995 год.) ISBN 0521499704
- Џорџ О. Кјурми, Граматика на Германскиот јаизк (1904, 1922 год.)
- Ентони Фокс, Структурата на Германскиот јазик (2005 год.) ISBN 0199273995
- Рут Х. Сандерс, , Германски јазик: Биографија на јазикот (Издание од Универзитетот Оксфорд, 2010 год.) 240 страни. Комбинира историски, лингвистички и антрополошки перспективи во ,,биографијата,, на Германскиот.
- Институтот Гете: Организација спонзорирана од Владата, за промовирање на Германскиот јазик и култура.
- Он-лајн курс по Германски јазик: Он-лајн курс по Германски јазик кој вклучува часови кои ги опфаќаат изговорот, зборовниот фонд и граматиката.
- Германска книга со фрази на Викитравел (Њикитравел).
- Речниците ,,Лео,,: Портал на Германски јазик кој вклучува: германско-англиски, германско-француски, германско-шпански, германско-италијански, германско-кинески и германско-руски речници, со форуми и опција за пребарување.
- Бесплатен курс по Германски јазик.