User:Irfi4 cassanova
Ди Ем Екс ( рапер )
Ерл Симонс ( роден на 18 Декември 1970 година ), попознат со неговото сценско име Ди Ем Екс е американски рапер ( член на хип-хоп групата Раф Рајдерс – груби возачи ) и актер чија слава се подигна во доцните деведесети. Неговото сценско име оддава почит на Оберхајм Ди Ем Екс ударната машина, инструмент што го користел кога ги правел своите рап битови-удари во осумдесетите. До денес, негов најпродаван албум е И Тогаш Таму Беше Екс од 1999 година, што го објави хитот Забава горе ( тука горе ). Како актер се појави во филмовите Бели, Ромео мора да умре, Излезни рани,Од kолевка до гроб и Последен час, и неговите реални телевизиски серии Душата на човекот кои се емитувале на американската кабелска телевизиска мрежа БЕТ. Во 2002 година, Ди Ем Екс напишал автобиографска книга именувана Е.Р.Л. Автобиографијата на Ди Ем Екс.
Ран Живот
Ди Ем Екс е роден во Маунт Вернон, Њу Јорк. Тој е дете на Џо Баркер и Арнет Симонс. Мајка му била бремена на него на 19 години и имала двегодишна ќерка предходно од друг маж. Бил израснат со верувањето на Јеховините сведоци, и иако тие го делат истото презиме тој не е роднина на хип-хоп кралот Расел Симонс,
Ко-основачот на студиото кое го изреализира неговиот прв студиски албум. Тој се пресели во почетокот на неговото детство во соседните Јонкерс. Помина многу време на улиците извршувајки кривични дела. Како и да е, тој сметал хип-хоп музиката е бегство од неговите тешки времиња, така што уживал во битбоксинг, вртење плочи на грамафон и евентуално рапување. Тој подолг период од адолесценцијата ја поминал во и надвор од затвор.
Музичка кариера
Во 1984 година, започнал со битбоксинг. Ди Ем Екс бил битбоксерот и неговиот партнер Реди Рон бил раперот. Во 1991 година, Габриел Гривенстак од магазинот Изворот го награди во неговата колумна ,, Непотпишан публицитет “ која воздигна непотпишани хип хоп артисти. Подоцна, потпишал за Колумбиа рекордс подружницата Рафхаус ( Груба куќа ) во 1992 година. Под таа етикета го објави својот дебитантски сингл ,, Роден губитник “ што не се слушал многу. Како и да е, Рафхаус промовирала и многу други уметници на својот список повеќе од Ди Ем Екс, и така се согласи да го ослободи од договорот на крајот. Во 1994 година, го објавил вториот сингл ,, Потегни потег “. Во 1997 година, успешно гостуваше на песната на Ел Ел Кул Џеј ,, 4, 3, 2, 1 “. Дополнителни гостувања има во песните на Мејс ,, 24 часа да живееш “ и ,, Земи што е твое “, и за групата ЛОКС ( Џадакис, Стајлс Пи и Шик Лауч ) во песната ,, Пари, моќ и респект “ направи уште посилно зуење. Ди Ем Екс исто така направи кратко појавување во музичкото видео на Сам 41 ,, Не прави разлика “.
1998 : Темно е и пеколно топло; Месо од моето месо, крв од мојата крв
Во февруари 1998, го објавил својот почетен главен сингл под Деф Џем Рекордингс ,, Дојди кај мене куче “, што доби златно признание од страна на РИАА. Негов прв главен албум е Темно е и пеколно топло, во кој се наоѓа и песната Џимната на Раф Рајдерс, бил објавен во Мај 1998 година, и се појави на врвот на топ листата на Билборд 200 листата во САД. Тоа му обезбеди на Симонс бројни споредби со Тупак Шакур и биле продадени преку 4 000 000 копии. Скоро по објавувањето на албумот, Ди Ем Екс за малку ке бил во затвор поради силување на стриптизета, но бил ослободен бидејќи немало ДНК докази. Подоцна таа година во Декември, Ди Ем Екс го објавил својот втор албум Месо од моето месо, крв од мојата крв. Албумот влезе на листите , на прво место ( и остана на тоа место 3 последователни недели ) со 670 000 единици испратени сами во првата недела. Албумот на крај 4 пати бил платинест. Ди Ем Екс бил втор рапер кој објави 2 албума во една деби година, кои биле на врвот на топ листите на Билборд 200. Прв рапер бил Тупак Шакур.
1999 – 2000 : ... И Тогаш Таму Беше Екс
Симонс го објавил својот трет албум ,, И тогаш таму беше Екс “, на 21 Декември 1999 година. И овој албум повторно се појави на врвот на поп листите. ,, Забава горе “ беше најголемиот хит, и постана негов прв Топ десет хит на Р’н’Б листата. Негов водечки сингл од овој албум, Кое е моето име? (се состои од пијано воведот од концертот на Ричард Адинсел во Варшава ), и трет сингл Што сакаат овие кучки ( задно со Сиско ) биле исто поуларни. ....И тогаш таму беше Екс е најпродаваниот албум на Ди Ем Екс до денес, и шест пати постана платинест.
2001 – 02: Големата депресија
По докажувањето на неговота легална ситуација, се врати во студио да го заврши својот четврт албум Големата депресија . Пуштен на 3 Октомври 2001, тој бил четврт албум да биде на врвот на листата на Билборд 200. Со хитови како ,, Кои сме ние “, ,, Ние баш тука “ и уличната песна ,, Нискиот беше бомба “. Големата депресија брзо 3 пати беше платинест, но не комерцијално и критично успешен како предходниот албум.
2003 : Голем шампион
Во 2003 година, Голем шампион стана петтиот албум на Ди Ем Екс кој се искачил на прво место на листита за најслушан. Тоа го на направи Ди Ем Екс прв рапер кој имал 5 албуми на прво место ( тој до тогаш имал само 5 албуми ), со хитовите ,, Каде што е маалото “ и ,, Земи го на подот “. По неговото објавување, тој и соопштил на јавноста дека планира да се повлече, и дека Голем шампион е негов последен албум. Во Јуни 2003 година, Ди Ем Екс беше упасен поради користење непристоен говор во текот на изведбата во Св. Китс и Невис. Државниот министер за информации тврдел дека во договорот потпишан пред концертот пишува дека концертот ќе се изведува без користење на непристоен говор на сцената. Симонс бил ослободен со кауција ( 376 долари ) .
2006 : Година на кучето....Повторно
Во јануари 2006 година, Ди Ем Екс потпиша за Колумбија Рекордс, името кое го објави неговиот прв сингл ,, Роден губитник “. Ди Ем Екс го сними својот шести албум додека ѓи менуваше издавачките куќи, предизвикувајќи бројни одлагања. Албумот конечно беше пуштен на 1 Август 2006 година, насловен Година на кучето...Повторно. Го изгуби првото место на листите со само сто продадени примероци. Тој исто така се појави на ремиксот на Баста Рајмс ,, Допри Го “. Две други песни следеа ,, Боже дај ми знак “ и ,, Ние внатре тука “ . Дефиницијата на Екс : Пробив на отпадокот “ беше најдобриот албум со хитови на Ди Ем Екс, објавен на 12 Јуни 2007 година. Деф Џем исто така објави комплационен албум на Ди Ем Екс насловен Најдоброто од Ди Ем Екс кој ги содржи хитовите Каде што е маалото и Екс ќе ти го даде.
2007 – до денес : Затворање и Откуп на ѕверот
Во 2007 година, Ди Ем Екс по откажувањето на договорите со Сони мјузик ентертејнмент и Колумбија рекордс, Ди Ем Екс потпиша нов договор со Бодог мјузик да ги објави своите студиски албуми кои ќе го вратат на сцената, тоа беше Оди сега со мене кој е хип-хоп албум и Подоцна ќе леташ со мене кој е негов прв дебитантски госпел албум. Но во 2008 година, Ди Ем Екс поради непознати причини ги напушти Бодог мјузик. Кон крајот на 2010 година, Ди Ем Екс потпиша за ЕМИ за да ги објави албумите. Во 2011 година додека давал интервју во затвор, Ди Ем Екс изјави дека го сменил насловот на албумот од Оди сега со мене во Откуп на ѕверот и дека го откажа излагањето на госпел албумот Подоцна ќе леташ со мене. Ди Ем Екс планира да го извади албумот до крајот на 2011 година.
Актерска кариера
Прв филм во кој Ди Ем Екс се појави е Бели. Се појави во Никогаш не умирај сам, кој бил базиран на книгата на уличниот романсиер Доналд Гоин. Ди Ем Екс исто наместил да глуми во три идни филмови. Требаше да глуми во Градот од мермер но беше заменет со Винг Рејмс.Глумел во Месојадци во 2009 година, глумеше во акциониот трилер Последен час кој се појави кон крајот на 2008 година. Друг филм во кој глумеше е Ромео мора да умре заедно со Џет Ли и Алија. Исто имаше реално шоу на БЕТ Ди Ем Екс : Душата на човекот. Тој исто така глумеше во 2009 година во филмот Ѕвер , вистинското продолжение на Бели. Заврши со снимање на нов филм со Крис Кристоферсон насловен Лордови на улица, датумот на премиерата сеуште не е објавен. Може да го видиме заедно со Клифтон Пауел и Вивица А. Фокс во филм насловен Татко на лагите. Во 2003 година глумеше во филмот Од колевка до гроб, како татко криминалец кој пробува да си ја спаси ќерката.
Приватен живот
Семејство
Од 1999 година, Ди Ем Екс е во брак со Ташера Симонс. Имаат четри деца . На 22 Јули 2010 година, Ташера Симонс кажа дека ке се одвои од Ди Ем Екс после 11 години брак, само 2 недели откако Ди Ем Екс беше ослободен од затвор. Моментално Ди Ем Екс има 9 деца, од кои 4 деца се од неговата екс-сопруга Ташера Симонс.
Правни прашања
Од почетокот на неговиот живот како јавна личност, повеќе од апсењата на Ди Ем Екс биле поради: суровост кон животните, несовесно возење, возење без возачка дозвола, поседување дрога и фалсификување на идентитет.
Во 1998 година, Ди Ем Екс беше суден за силување и содомија, сексуална злоупотрба и незаконско држење во притвор. Случајот беше отфрлен кога ДНК доказите од злосторството не се совпадна со неговата.
Во 1999 година, Ди Ем Екс им се придружи на раперите Џеј Зи, Метод Мен и Редмен за турнејата на Џеј Зи, Живот тежок удар. Го уапсија Ди Ем Екс за време на турнејата, но подоцна ослободен, поради прободување на паузите од турнејата во Бостон, Месачусетс. Тој исто така бил ослободен од обвиненијата за напад во неговиот роден град , кај Јонкерите.
Летото 1999 година, Ди Ем Екс и неговата сопруга биле уапсени и обвинети за суровост кон животни, поседување на дроги и оружје по случајното убиство на неговиот менаџер-чичко во хотел во Њу Џерси. На крајот, Ди Ем Екс успеал со поднесување на молбата, да се извлече со кауција, условна казна и работа во прилог на заедницата-општеството.
Во 1999 година, кога полицијата од полициската станица Форт Ли извршија претрес на неговиот дом, Ди Ем Екс веднаш се предаде поради обвиненија за нелегално поседување на оружје.
Ди Ем Екс во 2000 година, одслужи 15 дена затворска казна, поради поседување на марихуана.
Тој повторно во Март 2000 година бил уапсен поради заострена нелиценцирана операција на моторно возило, брзо возење, не сигнализирање, возење без лиценца, неизвестување на DMV ( ОМВ – Оддел за моторни возила ) за промена на адресата на живеење и поседување на марихуана во Њу Јорк Стејт Роут 33 во Чиктоуага, следејќи концерт во Бафало, Њу Јорк. Неговото непојавување на следниот датум за на суд во Чиктоуага на 21 Март 2000 година, доведе до прашање за издавање налог за негово апсење. Подоцна се предаде, се изјасни за виновен за да се намали казната за возење без возачка дозвола, па одлежа 15 дена затворска казна и плати парична казна од 400 долари.
Ди Ем Екс има и друга затворска казна во 2001 година за возење без возачка дозвола и поседување марихуана. Неговата жалба за намалување на казната беше одбиена. Наместо тоа, тој беше обвинет за напад со фрлање предмети на затворските чувари. Ди Ем Екс во 2002 година, започна со рехабилитација за излекување на неговата зависност од дрога.
Во Јуни 2003 година, Ди Ем Екс беше уапсен за користење непристоен јазик за врема на изведба во Свети Китс и Невис. Државниот министер за информации тврди дека договорот потпишан пред концертот, наложува дека на шоуто нема да се користи непристоен јазик. Ди Ем Екс беше ослободен со кауција од 376 долари.
Во Јуни 2004 година, тој беше уапсен на интернационалниот аеродром Џон Ф. Кенеди, со обвинение за поседување на кокаин, криминално претставување, кривично поседување на оружје, кривично зло, заканување, и возење под дејство на дрога или алкохол додека тврдеше дека е федерален агент и обид за одземање возило. Му беше дадена условна слобода од обвиненија на 8 Декември 2004 година, но изјасен за виновен на 25 Октомври 2005 година, прекин на помилувањето.
На 18 Ноември 2005, Ди Ем Екс беше казнет 70 дена затворска казна поради прекинот на помилувањето. Понатамошни обвиненија му додаоа уште 10 дена на изречената 60-дневна затворска казна. Ди Ем Екс беше ослободен од затвор на 30 Декември 2005 година поради добро однесување.
Жителка на Мериленд, Моник Вејн тврди дека такото на нејзиниот син е Ди Ем Екс. Таа постојано го тужење за клевета на карактерот нејзин и издршка на дете. А крајниот резултат сеуште е во тек.
На 30 Декември 2008 година, Ди Ем Екс се изјасни за виновен поради поседување дрога, кражба и суровост кон животните и на 31 Јануари 2009 година, му беше изречена затворска казна од 90 дена. На 22 Мај 2009, направи молбен договор, изјаснувајќи се виновен за нервозен обид за напад. Ди Ем Екс беше ослободен порано од затвор, на 6 Јули 2010 година, откако одлежа 4 од 6 месеци за кршење на условната казна за дрога. Пилот филм се снимаше за на телевизија, за неговото секојдневно закрепнување, но следи негово ново апсење за само 3 недели, па затоа филмот не беше одобрен и одбран за пуштање во етер.
На 27 Јули 2010 година, тој самиот се предаде на Лос Анџелес Метрополитан судот за обвинение – несовесно возење кое го заработи во 2002 година. Му беше изречена затворска казна од 90 дена. На 19 Ноември 2010, повторно го уапсија во Марикопа Каунти, Аризона поради кршење на условната казна за користење дрога. Одлежа цела година за кривичното дело. На 20 Декември 2010, Ди Ем Екс беше преместен во Ментално-здравствената единица на државниот затвор во Аризона. Го ослободија во 07:00 часот на 18 Јули 2011 година.
Ди Ем Екс, повторно беше уапсен на 24 Август 2011 година, поради несовесно и брзо возење ( 102 милји на час каде што е дозволено 65 милји на час ), и возење со суспендирана возачка дозвола.
Контроверзии
Џа Рул
Ди Ем Екс започна како пријатели со Џа Рул , исто како и со Џеј Зи. и Ем Екс, Џеј Зи и Џа Рул беа дел од групата со име Мурдер Инк. ( Името подоцна беше користено од продуцентот на Џа , Ирв Готи за неговата издавачка куќа ). Тие снимаа песни под тоа име заедно. Ди Ем Екс и Џеј Зи гостуваа на првиот албум на Џа Рул “ It’s Murda “ ( Тоа е убиство ). На крајот, одмаздата на Џа Рул со Др. Дре, Баста Рајмс, Еминем и 50 Сент заврши. Двата рапери водеа војна со зборови со години откако Ди Ем Екс го обвини Џа Рул за копирање на грубиот стил во песните. Ди Ем Екс призна дека првично сакал да заврши со војната откако излезе од затвор во 2005 година, објавувајќи мир : “ Готи ме посети во затвор и рече дека сака да се смири со мене и него “, кажа Ди Ем Екс “ Во ред, Готи, ајде да го сториме тоа “. Ди Ем Екс ја завршија нивната одмазда на Хип-хоп почестите во 2009 година организирани од ВХ1 ( Видео Хитови 1 ).