User:DimoskiAlek/Запро Запров
This is not a Wikipedia article: It is an individual user's work-in-progress page, and may be incomplete and/or unreliable. For guidance on developing this draft, see Wikipedia:So you made a userspace draft. Find sources: Google (books · news · scholar · free images · WP refs) · FENS · JSTOR · TWL |
Запро Запров е македонски хорски диригент, композитор,педагог и ликовен уметник. Роден е на 03.10.1947 година во с.Пиперово - Струмичко. Работи како професор на педагошкиот факултет„Св.Климент Охридски“ во Скопје. Автор е на трудови и учебници од областа на музичката педагогија. Диригира со повеќе хорови и го основа хорското студио Рустико ( детски хор „Развигорче“ и женски младински хор) со кое постигнува големи успеси во земјата и на межународен план. Хоровите на хорското стодио Рустико се меѓу најнаградуваните хорови од Република Македонија на меѓународен план. Запро Запорв е автор на хорски композиции. Аранжмани и оргинални композиции за хор и за хор и инструментална придружба. Меѓу најпознатите негови композиции се: Алелуја, Воспојте, Горо ле горо, Богородице радујсја, Петлиња и др. Со неговите хорови премиерно изведувал композиции на македонските композитори: Ристо Аврамоски, Стојан Стојков, Александар Лековски и др. Познат е по својата наклонетост кон современа и експериментална музика. Член е на жири на повеќе хорски натпревари во земјата и странство. Неговото име е поврзано и со фестивалот на детска песна „Златно славејче“ во чија организација учествувал дваесет години во разни својства: аранжер, композитор, селектор, диригент . . . Запров е активен и на полето на ликовната уметност. Се изразува во повеќе ликовни техники а препознатлив е со својата оргинална техника „черга“. Изложувал на самостојни и групни изложби. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои и на високата државна награда „11 Октомври“. Запоров е потписник на „Македонскиот манифест“ во кој тој со група познати личности од општествениот живот на Македонија бара прекинување на преговорите на Република Македонија и Република Грција кои се водат околу името на Република Македонија.
References
[edit]http://www.jmm.org.mk/summer-music-camp.html
External links
[edit]